Свет

Русија сака Украина да биде неутрална, но што точно значи тоа?

Русија сака Украина да биде неутрална, но што точно значи тоа?

Русија сака Украина да биде неутрална. Станува збор за руско барање кое може да доведе до договор меѓу завојуваните страни. Но, што точно значи тоа?

Според Скај њуз, Украина сака да се приклучи на НАТО, но Алијансата никогаш не ја сметала Украина на цврст пат кон членство, без разлика што тврдат Украина или рускиот претседател Владимир Путин.

НАТО бара од идните членки да ги решат сите територијални спорови, така што спорниот украински регион Донбас би спречил итен пристап.

Сепак, изгледите за влез на Украина во НАТО, без разлика колку е далеку, беше причина за агресијата на Путин и доволна да ја оправда инвазијата.

Примери за неутрални држави се Ирска, Швајцарија, Австрија, Финска и Шведска. Според меѓународното право, неутралноста им забранува на државите да се мешаат во конфликти или територијални спорови.

Доколку Украина прифати неутралност, сè уште ќе и требаат безбедносни гаранции, иако веќе не од НАТО. Ваквите безбедносни гаранции би можеле да произлезат од специјалните договори со САД, Обединетото Кралство или Франција, но има мали шанси Москва да се согласи на тоа.

Скај њуз пишува дека ова е еден од можните патишта до мирот, но дека во никој случај не е лесен пат.

Сепак, Михаил Подољак, член на украинскиот преговарачки тим, во средата рече дека руската понуда за неутралност е неприфатлива за Украина.

„Моделот може да биде само „украински“ и само со законски проверени безбедносни гаранции. Нема други модели или опции“, рече тој.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни