Русија се противи, САД на сила сака да ја внесе Македонија во НАТО, вели Лавров

Атина и Скопје се согласија Македонија да го смени своето име во Република Северна Македонија, за да се стави крај на неколку деценискиот спор. Тоа воедно ќе и овозможи на балканската земја да се приклучи на трансатлантскиот воен сојуз и Европската Унија, за што Русија е против.

„Јасно е дека има постојано мешање од страна на САД и Европската унија во внатрешните работи на Македонија“, вели Сергеј Лавров – Министер за надворешни работи на Русија.

Се вчитува...

Вашингтон изрази загриженост поради големото влијание на Русија во Македонија и пошироко на Балканот, обвинувајќи ја за обиди за поткопување на владите и блокирање на нивниот напред кон европската интеграција. Москва негира и го обвини Западот дека се обидува да влијае врз регионот. Како што велат од таму, гласањето за поддршка на името во Собранието на Македонија било манипулирано преку уцени, закани и купување гласови.

„Вреди да се нагласи дека таквото брзање оди во корист на целта на Вашингтон за присилното членство на Скопје во НАТО“, додава Сергеј Лавров – Министер за надворешни работи на Русија.

Инаку, Грција одамна го оспори фактот дека мала земја која го носи името Македонија, имс територијални претензии кон грчка провинција со исто име. Неколумина, од двете страни, промената на името го нарекоа „продажба“.

Извор: ТВ21