Русија уапси научен истражувач осомничен за соработка со кинеските безбедносни служби

Русија приведе научен истражувач во Новосибирск под сомнение за предавство поради наводна соработка со кинеските безбедносни служби, јави ТАСС.

Дмитриј Колкер, доктор по физика и математика на Државниот универзитет во Новосибирск и шеф на лабораторија за квантни оптички технологии, беше приведен за предавство.

Се вчитува...

Новосибирск е еден од најголемите градови во Русија, кој се наоѓа на околу 2.800 километри од главниот град Москва и е административен центар на Сибирскиот федерален округ.

Голем број руски научници беа уапсени и обвинети за предавство во последниве години за наводно оддавање информации во странски земји. Критичарите на администрацијата велат дека апсењата често се резултат на неоснована параноја од страна на властите, забележа Ројтерс

Според синот на уапсениот, неговиот татко бил префрлен во затвор во Москва.