Свет

Русите бомбардираа опасно складиште за гас – Зеленски: Украинците напредуваат на југ

Русите бомбардираа опасно складиште за гас – Зеленски: Украинците напредуваат на југ

Руската инвазија на Украина влезе во 97-от ден. Руските сили го контролираат најголемиот дел од клучниот град во Донбас. Украинскиот претседател изјави дека украинските сили напредуваат во Херсон и Харков.

Украинските воени сили напреднаа на југот на земјата, во регионите Керсон и Харков и успеваат да ги задржат руските сили во Запорожје, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Тој го пофали и новиот пакет санкции одобрен од Европскиот совет, со кој би се намалил увозот на руска нафта.

– Благодарен сум на сите за овој договор. Тоа ќе ја турне Русија на работ на светската економија. Русија нема да може да се прилагоди, што значи дека ќе биде поразена – изјави украинскиот претседател.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни