Свет

Русите тврдат дека влегле во Вовчанск, во текот на безмилосни напади кај Харков: „Отвораат нов фронт, ситуацијата е тешка!“

Русите тврдат дека влегле во Вовчанск, во текот на безмилосни напади кај Харков: „Отвораат нов фронт, ситуацијата е тешка!“

Русија тврди дека нејзините сили влегле во градот Вовчанск во североисточниот дел на границата, во близина на вториот по големина град во Украина, Харков. Украина потврди дека Русија денеска ги интензивирала копнените операции кон Харков, напаѓајќи нови области со мали оперативни, борбени групи за да го прошири фронтот и да ги истроши украинските сили, но не и дека руските војници влегле во Вовчанск.

Гувернерот на Харковската област Олех Синјехубов оцени дека „ситуацијата е тешка“

Според него, од петокот, руските војници влегуваат во Украина во близина на вториот по големина украински град Харков, отворајќи нов североисточен фронт во војната што се води главно на исток и југ речиси две години, наведува Ројтерс. .

Со оглед на напредувањето на руските сили од североисток кон исток, дел од веќе исцрпените украински сили од источниот дел на линијата на фронтот би можеле да бидат принудени да се приклучат на борбите.

„Непријателот се обидува намерно да ја истегне линијата на фронтот, напаѓајќи во мали групи, но во нови насоки. Ситуацијата е тешка“, изјави гувернерот Сињехубов.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни