Руска хакерска група ја презеде одговорноста за нападот врз Литванија

Руската хакерска група Килнет ја презеде одговорноста за денешниот сајбер напад врз Литванија, велејќи дека тоа е одговор на одлуката на Вилнус да го блокира транзитот од и кон руската полу-екклава во Калининград на стоки санкционирани од ЕУ, објави Ројтерс.

„Нападот ќе продолжи се додека Литванија не ја укине блокадата“, изјави за агенцијата портпаролот на Килнет. Регионот Калининград, кој се наоѓа на Балтичкото Море, е поврзан со остатокот од Руската Федерација само со железница преку територијата на Литванија.

Се вчитува...

Претходно денеска, Националниот центар за сајбер безбедност на Литванија и Министерството за одбрана објавија дека серверите на јавните и приватните институции биле погодени од напади со одбивање на услугата. Според извештајот, многу е веројатно дека овие напади, особено против транспортот, енергетиката и финансискиот сектор, „ќе продолжат со ист или поголем интензитет“ во наредните денови. Меѓу жртвите се и заштитните мрежи што ги користат државните институции.