Руската рубља денеска падна на најниско ниво во последните осум месеци во однос на доларот под притисок на очекувањата дека санкциите против руската нафта и гас би можеле да ја намалат заработката од извозот на земјата, објави Ројтерс.
Рубљата ослабе за 0,6 отсто на 72,60 рубљи за долар, откако претходно падна на 72,6775 рубљи за долар, што е најниско ниво од 28 април.
Руската валута загуби 0,7 отсто во однос на единствената европска валута на 76,93 рубљи за евро и 0,6 отсто во однос на јуанот на 10,31 рубља за јуан.