Балкан

Руски авион прелетал низ бугарскиот воздушен простор, ќе гаси пожари во Србија

Руски авион прелетал низ бугарскиот воздушен простор, ќе гаси пожари во Србија

Руски авион влезе во Бугарија од Црното Море и се упати кон запад.

Министерството за надворешни работи соопшти дека летот на авионот, кој се користи за борба против катастрофи и несреќи, е од хуманитарен карактер. Летот е извршен по барање со нота од српска страна, во врска со пожарите во Србија.

Тој е координиран со сите одговорни институции и издадена е дозвола за давање помош при пожарите во Србија, соопштија и извори од министерството.

Министерството за транспорт на Бугарија, исто така, изјави дека станува збор за авион за гаснење пожари.

„Бугарија соработувала што е можно побрзо. Пожарите се во близина на бугарска територија и таквата реакција е сосема нормална“, истакнуваат и властите.

Според информациите од РТС, станува збор за авион „Иљушин Ил-76“. Слетал во 20:20 часот по локално време на аеродромот „Константин Велики“ во Ниш, објавија српските медиуми.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни