Антон Герашенко, советник во Министерството за внатрешни работи на Украина, објави дека е убиен генерал од руската армија, кој ја нападна неговата земја.
Герашенко, во изјава на својот Фејсбук профил, тврди дека заменик-командантот на руската 41-ва армија генерал-мајор Андреј Суховецки бил убиен од украински војници во регионот на Чернигив.
Опишувајќи го рускиот напад врз Украина како „крвава авантура што ќе ја уништи Русија ако веднаш не престане“, Герашенко изјави дека Украина ќе биде новиот Авганистан за Русија.