Македонија

Русковска се враќа во обвинителство – нема да почне со работа се уште поради суспензијата

Русковска се враќа во обвинителство – нема да почне со работа се уште поради суспензијата

Советот на јавни обивинители во понеделник на седницата ќе одлучува и за иднината на поранешната шефица на ОЈО ГОКК, Вилма Рускоска.

Канал 5 објави дека неофицијално обвинителката најверојатно ќе се врати во скопското обвинителство, каде што шеф е обвинителот Гаврил Бубевски, но нема веднаш да почне со работа поради суспензијата, односно додека не заврши истрагата за случајот со Арафат Муареми.

Инаку, на седницата ќе се бира и шеф на Вишото обвинителство во Скопје.

На огласот беа пријавени тројца кандидати актуелниот обвинител Мустафа Хајрулахи и вишите обвинители Фатиме Фетаи и Бурим Рустеми, но Фетаи вчера, неочекувано ја повлече својата кандидатура.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни