Обвинителката Вилма Русковска во интервју за САКАМДАКАЖАМ истакнува незадоволство од соработката со Финансиската полиција. За цела 2019 година, имале само 9 предмети за перење пари, што според Русковска е недозволиво.
Се вчитува...
„Лично не сум задоволна од соработката со Финансиска полиција. тоа го нагласив и кога го бранев Годишниот извештај за 2019 година пред Советот на јавни обвинители. За цела 2019 година имаме само 9 предмети за перење пари, што е недозволиво во Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција. Сите предмети се во соработка со МВР“, рече Русковска.
.
