Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, денеска изјави дека разговарал со американскиот претседател Доналд Трамп за безбедносната ситуација на Гренланд и Арктикот.
„Ќе продолжиме да работиме на тоа и со задоволство очекувам да се сретнеме во Давос“ следната недела, напиша Руте на „Икс“. Тој не откри детали за содржината на телефонскиот разговор.
Политичката и бизнис-елита следната недела ќе се собере на годишниот собир на Светскиот економски форум (WEF) во Давос. Се очекува на форумот да присуствува и американскиот претседател.
Трамп сака целосно сопствеништво над Гренланд, автономна територија на Данска, и им се закани со зголемени царини на осум земји кои се согласија да придонесат со персонал за НАТО-вежбата на Гренланд.
