Свет

САД ги очекува најстудениот Божиќ во последните 40 години – температурите ќе достигнат и -55

САД ги очекува најстудениот Божиќ во последните 40 години – температурите ќе достигнат и -55

Националната метеоролошка служба во Америка објави дека до крајот на оваа недела во некои делови од земјата можни се температури и до -55 степени Целзиусови.

Се прогнозира дека ова би можел да биде најстудениот Божиќ во Америка во последните 40 години.

Поради моќната арктичка зимска бура, издадени се предупредувања за повеќе од 135 милиони луѓе.

Областа што ќе ги почувствува ефектите од зимската бура се протега сè до Флорида и границата меѓу САД и Мексико.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни