Свет

САД испраќаат запленета иранска муниција во Украина

САД испраќаат запленета иранска муниција во Украина

Соединетите држави и испратија на Украина повеќе од 1 милион единици иранска муниција кои беа запленети минатата година, соопшти американската војска, цитирана од Ројтерс.

Американската морнарица со години запленила оружје за кое се верува дека било испорачано од Иран до јеменските бунтовници Хути поддржани од Техеран и обично шверцувано во рибарски чамци.

Централната команда на САД, која е одговорна за операциите на Блискиот Исток, соопшти дека во Украина биле испратени речиси 1,1 милион куршуми од калибар 7,62 милиметри.

Тие беа запленети од страна на американската морнарица во декември 2022 година од пратка на иранската Револуционерна гарда до силите на Хутите во Јемен.

„Решени сме да работиме заедно со нашите сојузници и партнери за да го запреме протокот на смртоносно оружје на Иран во регионот со сите законски средства, вклучително и преку санкции и забрани наметнати од САД и ОН“, се вели во соопштението на американската Централна команда.

Испратената муниција веројатно нема да донесе радикална промена во текот на непријателствата во време кога на Украина и е очајна потреба од оружје со долг дострел и системи за противвоздушна одбрана, наведува Ројтерс.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни