Соединетите Држави во вторникот изразија загриженост поради плановите на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган да започне нова воена операција на јужната граница на земјата, велејќи дека секоја офанзива во северна Сирија ќе ја поткопа регионалната стабилност и ќе ги загрози американските сили.
„Длабоко сме загрижени поради информациите и дискусиите за можна зголемена воена активност во северна Сирија, а особено нејзиното влијание врз тамошното цивилно население“, изјави портпаролот на Стејт департментот Нед Прајс.
„Ги признаваме легитимните безбедносни грижи на Турција долж јужната граница на Турција, но секоја нова офанзива дополнително ќе ја поткопа регионалната стабилност и ќе ги загрози американските сили и коалициската операција против Исламската држава“, додаде тој.
Во понеделникот, Ердоган рече дека Анкара наскоро ќе започне нови воени операции долж нејзините јужни граници за да воспостави безбедносни зони длабоки 30 километри за да се бори против она што Турција го идентификува како терористички закани од тие региони.
Операцијата најверојатно ќе биде насочена кон северна Сирија, каде Турција спроведе неколку воени операции од 2016 година за да ги ослабне Силите за заштита на народот на сириските Курди (НДП), поддржани од САД, кои Турција ги смета за вооружена сириска единица на Курдската работничка партија.
