Свет

САД обвинија руско-американска група за заговор и перење пари

САД обвинија руско-американска група за заговор и перење пари

Американските власти обвинија пет Руси и двајца Американци за заговор за снабдување и перење пари во име на владата во Москва, објавија Ројтерс и Асошиетед прес.

Одделот за правда во Вашингтон соопшти дека осомничените се обиделе да добијат технологија за воена употреба и двојна употреба за рускиот одбранбен сектор од американски компании.

Тие, исто така, се тврди дека се заговориле за шверц на снајперска муниција со што ги прекршиле санкциите наметнати од САД. Еден од Русите е осомничен и дека е офицер на Федералната служба за безбедност (ФСБ).

Засега нема коментар за случајот ниту од осомничените ниту од руската влада.

Тројца од групата се приведени, а четворица од Русите се уште се во бегство, додава Би-би-си.

Осомничениот симпатизер на ФСБ е Вадим Коношченок, кој беше уапсен во Естонија минатата недела и ќе се соочи со постапка за екстрадиција во САД.

Естонските власти пронајдоа муниција од американско потекло во магацин што го користел Коношченок, соопшти американското обвинителство.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни