Свет

САД со повеќе санкции поради руската војна во Украина

САД со повеќе санкции поради руската војна во Украина

Американскиот министер за финансии Џенет Јелен изјави дека Вашингтон ќе воведе нови санкции врз транснационалната мрежа на поединци и компании кои работеле на купување воена технологија за руските воени напори во Украина, објави Ројтерс.

На маргините на самитот на Г-20 на Бали, Јелен за медиумите изјави дека 14 физички и 28 правни лица, вклучително и финансиски посредници, ќе подлежат на санкции. Таа одби да даде детали за нивното место, велејќи дека соопштението ќе биде објавено подоцна денеска.

Мерките се дел од општите напори на САД да ги попречат руските воени напори и да ја спречат Москва да ја набави потребната опрема, нагласи Јелен.

Министерството за финансии на САД воведе санкции за големите руски воени индустриски претпријатија, а Министерството за трговија го суспендираше извозот на компоненти произведени во САД и американската технологија што се користи во некои од руските воени капацитети. Јелен рече дека овие мерки веќе имаат влијание на бојното поле во Украина, забележа Ројтерс.

Министерот за финансии исто така додаде дека САД ќе продолжат да и даваат финансиска и економска помош на Украина. Администрацијата на Бајден побара дополнителни 4,5 милијарди долари невоена помош за Украина, а Јелен рече дека штом ќе добие одобрение од Конгресот, Министерството за финансии веднаш ќе започне да ја исплатува за Киев.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни