Директорот на Финансиската полиција, Арафат Мухареми, синоќа откри уште една злоупотреба на државни пари. Тој ги спомна садниците засадени покрај реката Вардар. Мухареми вели дека пријавената вредноста за садниците од компанијата, е многу повисока од набавната цена.
„Имаме набавка и садење на садници покрај Вардар. Интересно е бидејќи вредноста што е пријавена е многу повисока отколку набавната. Ги следевме трансакциите и откривме дека сите тие високи трансакции се префрлени на неколку фиктивни компании и се подигнати во кеш, а потоа се предадени на лицата за кои биле наменети тие пари“, изјави Арафат Мухамери, директор на финансиска полиција.
Истражувањето на ТВ21 нѐ одведе до компанијата Rosen Center. Од таму велат дека садниците околу Вардар не се засадени од нивната компанија. Прифатија дека биле под истрага од Финансиската полиција, но дека тоа биле само редовни контроли. Во рамките на акцијата на Град Скопје за раззеленување на градот, засадени се околу 10.000 дрвја. Се очекува истрагата да открие која компанија го спровела садењето и кај кого завршиле парите.
Репортер: Артан Нухиу
