Општината аплицирала за добивање средства за набавка на камион за комуналните служби, но била одбиена од Бирото за регионален развој, со образложение дека документацијата што ја доставиле не била комплетирана. Садики уверува дека негативен одговор добиле од политички причини, а не поради документацијата.
Директорот Реџепи настојува дека општина Студеничани не ги исполнила условите за аплицирање.
Реџепи тврди дека фондови од Бирото добиле и општините со кои не раководи ДУИ, како што се Желино, Врапчиште и Боговиње. Инаку, на 18-ти јули годинава, во просториите на Владата, Бирото за регионален развој, Министерството за локална самоуправа, заедно со вицепремиерот за економски прашања, потпишаа договор за проекти со 54 општини за финансирање на вкупно 74 развојни проекти. На листата на општините добитници, не фигурираше општината Студеничани.
РЕПОРТЕР: МЕВЉУДИН ИМЕРИ