Во државава има политички услови, желба и посветеност од сите страни за развој, при што клучни ќе бидат младите кои треба да останат тука и да ги искористат можностите за личен и општествен развој, рече претседателот Стево Пендаровски на осмиот самит Македонија 2025. Тој изрази убеденост дека целта на сите е задржување на младите во земјава.
Премиерот Зоран Заев рече дека Владата постојано работи на создавање економски политики кои на бизнисите од дијаспората ќе им го олесни пристапот за создавање нови работни места, а нивниот капитал да го насочат во нивната татковина.
Претседателката на организацијата Македонија 2025, Никица Мојсоска – Блажевска рече дека организацијата со која таа раководи непрекинато работела да им помогне на бизнисмените и дала придонес и во создавање нови лидери. Мојсоска рече дека доколку сакаме успех треба да се обединиме, но според неа оваа работи тешко оди.
Самит од овој тип во нашава земја се одржува по втор пат и истиот ќе трае три дена. На него учествуваат голем број бизнисмени од земјава и странство кои инвестирале и сакаат да инвестираат. Учествуваа близу 400 компании.