Македонија

Самит во Давос, Заев се сретна со Хан и Столтенберг

Владина делегација предводена од премиерот Зоран Заев учествува на Светскиот економски форум во Давос, Швајцарија. На маргините на самитот Заев се сретнал со еврокомесарот за проширување Јоханес Хан и генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг.

Како што соопштија од владината прес служба, со еврокомесарот Хан било констатирано дека спроведувањето на историскиот Договор од Преспа се одвива според планираното, и дека сега е време велиот напор на политичките процеси во Република Македонија да се фокусира на нагласена имплементација на реформите, за да се овозможи старт на преговорите за членство во ЕУ.

Во разговорот со Столтенберг уште еднаш биле афирмирани пораките за поддршка и охрабрување да се финишира спроведувањето на Договорот од Преспа. Премиерот во Давос е придружуван од вицепремиерот Кочо Анѓушев и министерот за економија Крешник Бектеши.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни