Самка Ибраимоски од Партијата за целосна еманципација на Ромите (ПЦЕР) официјално ја објави својата кандидатура за советник во Советот на Општина Тетово.
Во својата изјава, Ибраимоски нагласи дека неговата цел е да му укаже на градоначалникот како треба да ја води општината и да ги информира граѓаните за сите тековни активности, како и за евентуалните нерегуларности што се случуваат.
„Го очекувам целосната поддршка од граѓаните на Тетово“, изјави Ибраимоски, истакнувајќи дека ќе работи во интерес на јавноста и за зголемување на транспарентноста во локалната власт.