Само во Скопје 180 регистрирани бездомници, капацитетот во „Момин Поток“ е 40 бездомници во зимскиот период

Секоја година расте бројот на бездомни лица во Скопје. Во моментов во Црвениот Крст регистрирани се 180 бездомници, 40 од нив во зимскиот период се згрижени во прифатилиште каде има кревети. Сепак, загрижувачки е тоа што за другите 140 нема место.  Хари Амедовски секојдневно доаѓа на шелтерот, зема храна и зборува со социолог. Веќе 1 година го продава весникот „Лице в лице“ и заработува 8 илјади денари месечно.

-Списанието излегува веќе седум години на секои два месеци. Има социјални теми. Нема политики.

-Колку време го работиш ова?

-Седум месеци. Списанието чини 100 денари.

Драгана Лазаревска која работи на шелтерот за бездомници апелира до властите да се отворат повеќе вакви места, затоа што тие не можат да ги сместат сите бездомни лица.

„Жален е фактот дека се повеќе и повеќе зема пошироки размери оваа социо-патолошка појава. А добро е што постои ваков шелтер и вакво прифатилиште во градот Скопје. Апелирам до градските власти во целата држава да се зголеми бројот на шелтери кои што би ги згрижиле, затоа што капацитетот на Црвениот Крст е таков каков што е“, вели Драгана Лазаревска.

Денеска Црвениот Крст на бездоминте лица им подари пакети со хигиенски средства, облека и топол оброк.

Чорбата е нивното најомилено јадење.

„Најчесто и најбарано во договор со Црвениот Крст, но и желба на овие лица да биде чорба која некогаш е телешка, пилешка. Мислам дека го постигнавме ефектот кој што сакавме да го постигнеме“, рече Неда Аницин.

Денес е Светскиот ден на бездомните лица. Во светот според Обидинетите нации нивниот број е 100 милиони. Секој 70-ти граѓанин, во просек е бездомно лице. Во Македонија, само во Скопје регистрирани се 180 бездомници.

Извор: ТВ21