Вредноста на руската рубља денеска достигна највисоко ниво во последните четири години во однос на американскиот долар, благодарение на чекорите на Москва за поддршка на валутата.
Како што јавува Anadoly Agency (AA), на почетокот на март, по почетокот на руската војна против Украина, за еден долар биле потребни 150 рубљи.
Денеска, по растот на вредноста на руската валута, за доларот се потребни 57,1 рубља.
Оваа година рубљата стана најуспешната валута во светот со помош на контролата на капиталот и други финансиски мерки на руската влада, а една од нив е воведувањето на златна основа за валутата.