Македонија

Санкционирани 33 возачи кои возеле под дејство на алкохол, на 27 им биле одземени возачките дозволи

Во периодот од 23.00 часот на 21.09.2019 до 05.00 часот на 22.09.2019 Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје спроведе акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат моторни возила под дејство на алкохол.

Притоа, кај 33 возачи утврдено е присуство на алкохол и сите биле исклучени од сообраќај и соодветно санкционирани. На 27 од нив им биле одземени возачките дозволи.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни