Балкан

Санторини не престанува да се тресе: Повторно е регистриран земјотрес од 4,7 степени

Санторини не престанува да се тресе: Повторно е регистриран земјотрес од 4,7 степени

Земјотрес со јачина од 4,7 степени според Рихтеровата скала е регистриран во 11:35 часот во областа Санторини.

Епицентарот на земјотресот повторно бил во близина на селото Оја, на 25 километри североисточно. Хипоцентарот на земјотресот, според податоците на Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар, се наоѓа на длабочина од приближно 14 километри под површината на земјата.

Ова подрачје од утрово е погодено од најмалку 30 земјотреси посилни од 3 степени според Рихтеровата скала, додека од утринава ова е трет земјотрес со јачина над 4 степени според Рихтеровата скала.

Илјадници жители и туристи продолжуваат да го напуштаат островот, а бројни улици на Санторини се затворени со полициски ленти, за граѓаните да не ја загрозат нивната безбедност.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Горан Минчев, министер за јавна администрација 24.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни