Сара Јо настапи на World Pride во Копенхаген – погледнете го настапот

Српската поп – ѕвезда Сара Јо беше меѓу избраните изведувачи кои настапија на затворањето на овогодинешната World Pride во Копенхаген, одржано во сабота, 21 јуни 2021 година.

Ова беше првпат некој од Србија да настапи на ваков важен настан, а тоа е и вовед во EuroPride 2022, што ќе се одржи во Белград во септември 2022 година.

„Кога дојде поканата за настап на Светската гордост во Копенхаген, бев почестена и среќна што заедно ќе можеме да испратиме порака за љубов и да ги поканиме луѓето од целиот свет да дојдат во Белград на ЕвроПрајд следната година“, рече Сара Joо.

Покрај нејзините хитови „Bez sna“, „Mili, Mili“ и „Nemam vremena za to“, Сара изведе и неколку странски хитови, а сценскиот настап беше надополнет со костим потпишан од младата дизајнерка од Србија, Нина Мандиќ.

На Сара на сцената и се придружи дрег кралицата од Белград, Алекс Електра и Дита Вон Бил.

Сара е позната како јавна личност која преку својата работа, борба, солидарност и јавно застапување придонесе за подобрување на положбата на ЛГБТИ заедницата, поради што во 2019 година беше прогласена за кума на Белградската гордост.

EuroPride 2022 ќе се одржи од 12 до 17 септември 2022 година во Белград, кој ќе биде главен град на сите европски гордости таа година.