Македонија

Сасоли во Скопје за да ги одржи надежите живи – Македонија треба веднаш да и започне преговорите за членство во ЕУ

Северна Македонија треба веднаш да ги започне преговорите за членство во ЕУ –порача претседателот на Европскиот парламент, Давид Сасоли. Тој истакна дека од следната година треба да започнат преговорите, бидејќи земјата ги спроведе реформите и го смени името.

Премиерот Зоран Заев, рече дека верува во нови можности и дека земјата треба да продолжи со спроведувањето на реформите за да докаже дека не постои друга алтернатива освен ЕУ.

Претседателот на Европскиот парламент, ќе се сретне со шефот на државата, Стево Пендаровски, со претседателот на Собранието, Талат Џафери и со лидери на политички партии, а ќе има и обраќање пред пратениците.

Извор: ТВ21

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Горан Минчев, министер за јавна администрација 24.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни