Ненад Савески денеска официјално ја презема функцијата Државен јавен обвинител, станувајќи деветти републички обвинител од независноста на Македонија и 19-ти во историјата од 1945 година. Неговото именување беше одобрено вчера во Собранието со 66 гласа „ЗА“.
„Сакам да им се заблагодарам на моите колеги, судиите од Основниот кривичен суд Скопје, како и на Владата која ме предложи и на пратениците кои ме поддржаа“, изјави Савевски по преземањето на функцијата.
Тој потенцира дека јавните обвинители ќе продолжат да работат заедно и дека неговата функција не ја менува нивната независност.
„Го познавам обвинителскиот состав и верувам дека ќе ги исполнуваме очекувањата на граѓаните, во чије име и согласно Уставот постапуваме“, рече Савевски.
Савевски истакна дека неговата работа нема да биде условена од политички влијанија.
„Секој предмет има еднакво значење и нема да правам приоритети. Ќе се водам според законските основи и регулативи кои важат за сите јавни обвинители – вчера, денес, утре и во иднина“, додаде тој.
Савевски досега работеше како судија во Основниот кривичен суд Скопје и е магистер по казнено право. Тој има богато искуство како судија, јавен обвинител и правен експерт, а учествувал и во повеќе меѓународни проекти и домашни реформи во правосудството.
Функцијата ја презема по изборниот процес во кој покрај него позитивно мислење добија и други кандидати, меѓу кои Анита Тополова-Исајловска, Ленче Ристовска и Лидија Раичевиќ.
