Македонија

СДК.МК: Приведени 50 работници кои илегално работеле зад Рамстор

Полицијата од регионалниот центар за гранични работи Север приведе 50 странски градежни работници на градилиштето зад „Рамстор мол“, кои работеле подолг период таму, без документи, објави СДК.мк

„Полицијата спроведе контрола на градежни објекти на странска фирма, меѓу булевар Кирил и Методиј и улицата Јордан Мијалков, поради сомнение дека повеќе странски државјани непријавени работат на објектите и незаконски престојуваат во Република Северна Македонија. Притоа, на објектите биле затекнати околу 50 странски државјани кои немаат регулиран престој и кои работат непријавени. Тие биле приведени и по целосно документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни пријави“, одговорија од МВР.

Читај повеќе на СДК.мк

Имате вест, приказна или проблем? Пиши ни