СДСМ врати на прес-конференцијата на ВМРО-ДПМНЕ од страна на портпаролот Димче Арсовски кој со зборовите „Ајде Заев, одважи се, собери храброст и дојди на ТВ дуел“. Тие бараат од Мицкоски да се изјасни за Договорот од Преспа и зошто е против членството на Македонија во ЕУ и НАТО.
„Христијан Мицкоски треба да се охрабри и да каже јасен став, зошто е против ЕУ и НАТО?
Наместо да врти од околу, да се крие зад портпаролите и да одбегнува одговори, Мицкоски да каже која е алтернатива за членството во најмоќните сојузи ЕУ и НАТО, за да може да учествува на ТВ дуел.
ТВ дуелот подразбира соочување на ставови. Крајно несериозно е Мицкоски да повикува на телевизиско соочување, а при тоа да нема јасен став за најважните прашања за иднината на Македонија.
Мицкоски охрабри се, кажи јасен став!
Заробен во темната матрица на неговиот ментор Никола Груевски, Мицкоски единствено стои во заштита на неговиот криминал и се профилира како анти ЕУ и анти НАТО“, соопштуваат од СДСМ.
