Македонија

СДСМ ги враќа можностите за коментари на своите објави на социјалните мрежи

СДСМ ги враќа можностите за коментари на своите објави на социјалните мрежи

Опозициската партија СДСМ соопшти дека ги враќа можностите за коментари на своите објави на социјалните мрежи на сите платформи, повикувајќи на поголема вклученост и јавна дискусија.

Од партијата апелираат граѓаните да се вклучат во иницијатива за, како што наведуваат, „чистење на просторот од омраза и поделби“ на социјалните мрежи, преку активна реакција и учество во онлајн комуникацијата.

СДСМ повикува на заедничка акција и поголема ангажираност на јавноста во дигиталниот простор, со цел, како што наведуваат, поттикнување на конструктивен дијалог и намалување на негативните содржини.

Во рамки на кампањата, партијата упатува и повик за пријавување и реакција на несоодветни коментари на социјалните мрежи.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни