Македонија

СДСМ: Македонскиот идентитет, јазик се обезбедени, зајакнати, еднаш засекогаш признаени од целиот свет

СДСМ им честита на сите граѓани на двете земји за постигнатиот историски договор. „Договорот што произведува развој, мир, просперитет на целиот регион.“

Со ратификација на Договорот од Преспа во грчкиот Парламент се реши спорот кој 27 години ја влечеше државата надолу и го спречуваше развојот на регионот, велат од СДСМ.

Спорот е решен во интерес на државата, граѓаните и националните и државните интереси. Македонскиот идентите, јазик се обезбедени и зајакнати, еднаш засекогаш признаени од целиот свет, иднината на Македонија во ЕУ и НАТО е извесна.

Македонија станува 30 земја членка на НАТО алијансата, а следуваат и преговорите за членство во ЕУ. Договорот од Преспа е пример за решавање на деценскиот спор во интерес на двете страни е модел за решавање на идни билатерални проблеми на регионот и светот.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни