Македонија

СДСМ: Медарот Мицкоски и Данела Арсовска да почнат да работат и да го решат проблемот со ЈСП кој тие го создадоа

Од СДСМ денеска преку соопштение порачуваат лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски и градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска да почнат да работат и да го решат проблемот со ЈСП.

„Ништо не функционира во градот Скопје, ВМРО-ДПМНЕ и нивната градоначалничка го доведоа градот пред колапс.

Граѓаните на Скопје гледаат како оние кои го создадоа проблемот со ЈСП, медарите од ВМРО-ДПМНЕ и нивната градоначалничка Арсовска, меѓусебно се обвинуваат а ништо не преземаат.

Скопјани не заслужуваат ваква несериозност, ваков однос, ваков циркус.

Долгот во ЈСП, за само 1 година е драстично зголемен. ВМРО-ДПМНЕ и нивната градоначалничка го заглавија ова јавно претпријатија и јавниот превоз во Скопје го доведоа под прашање.

Тоа е единствена причина зошто денеска вработените во ЈСП немаат земено плата. Неспособност на кадрите на ВМРО-ДПМНЕ и нивната градоначалничка Данела Арсовска.

Шпицниот градоначалник кој на партиска говорница најавуваше проекти за бесплатен превоз во Скопје каде е сега?

Мицкоски, кој шеташе на митинзи заедно со Арсовска, кој бараше поддршка од скопјани да не се крие.

Медарот Мицкоски и неговата Данела Арсовска да седнат, да почнат да работат и да го решат проблемот со ЈСП кој што тие го создадоа.

Скопјани не ги интересираат нивните кавги, ниту пак нивните измислени оправдувања“, велат од СДСМ.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Весна Јаневска, министерка за образование 22.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни