СДСМ: Мицкоски не кажа која е алтернативата на членството во ЕУ и НАТО

СДСМ реагира на серијата соопштенија на ВМРО-ДПМНЕ, кажувајќи дека зад тие соопштенија се крие Христијан Мицкоски кој одново не кажал која е алтернативата за членството на Македонија во ЕУ и НАТО.

„Пионот Христијан Мицкоски повторно се сокри зад нервозни соопштенија од неговата ВМРО-ДПМНЕ.

Се вчитува...

Мицкоски не одговори за неговата улога во настаните на 27 април кога бил главен кадровик на неговиот ментор Никола Груевски.

Мицкоски повторно одбегна да каже дали членството во ЕУ и НАТО преку прифаќање на договорот од Преспа има алтернатива и која е?

Јасно е дека Мицкоски не може да понуди ништо освен деструкција, блокади и протести на кои го брани криминалот и се заканува кон судии и обвинители“, велат од СДСМ.

Извор: ТВ21