СДСМ: Од Мицкоски извираат истите зборови на Никола Груевски

Од СДСМ со реакција за говорот на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски пред Владата на вечерашниот протестен марш на опозициската партија. Тие велат дека зборовите на Мицкоски се истите како оние на Груевски кога беше лидер на партијата.

„Вечерва јавноста, граѓаните, слушнаа уште едно празно, бледо, конфузно и повторувачко обраќање на Христијан Мицкоски. Ништо ново.

Се вчитува...

Мицкоски нема идеја, нема концепт, визија, нема конректна програма, нема ништо добро за граѓаните. Деструкции, блокади, црнила, темнина и одбрана на криминалот се единствените нешта во црниот свет на Мицкоски. Истите зборови на Никола Груевски, полни со црнила, деструкција, навреди, извираат од Мицкоски. Како некоја стара,  излитена, расипана плоча.

Ниските обиди да ги омаловажи луѓето за нивниот физички раст, ги покажа комплексите кои Мицкоски низ годините сам си ги наметнал, во обид да биде ист како Груевски. Нервозниот Мицкоски до толку се загуби во набројувањето новогодишни желби што побара да се повлечат мерките против загадувањето, проблем што цела деценија беше игнориран токму од неговата ВМРО-ДПМНЕ.

Залудни се обидите на Мицкоски преку протести за одбрана на криминалот и преку нереални барања за оставки да ја врати Македонија во темното минато на криминал, корупција и изолација.

Граѓаните ги поразија погубните антидржавни политики на ВМРО-ДПМНЕ, Груевски и Мицкоски. Македонија оди напред кон иднина во ЕУ и НАТО и враќање назад нема, Мицкоски и врвот на ВМРО-ДПМНЕ остануваат сами и изолирани во одбраната на криминалот“, пишува во соопштението на СДСМ.

 

Извор: ТВ21