СДСМ: Подмладокот на Мицкоски црните панделки да ги закачи на скапоцениот дворец на ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ вратија со соопштение на реакцијата на Тони Михајловски и Унијата на младите сили на ВМРО-ДПМНЕ кои денеска закачија црни панделки на оградата на Владата, поради, како што рече Михајловски, најцрната Влада во историјата на Македонија.

„По 11 години криминал, корупција, неспособност и расипништво, антинародното раководство на ВМРО-ДПМНЕ, денес е опседнато со црнила и мракови.

„Младиот“ Тони Михајловски и членовите на дел од подмладокот на Мицкоски црните панделки треба да ги закачат на скапоцениот дворец на ВМРО-ДПМНЕ– седиштето на најбогатата партија во Европа изградено во време на најголема сиромаштија.

Скапоцениот дворец на ВМРО-ДПМНЕ е вистинската адреса за црнилата во која Македонија беше завиена цели 11 години, тоа е симболот на криминалот и расипништвото.

Македонија конечно тргна во вистински правец и враќање назад кон црнилата на ВМРО-ДПМНЕ, кон криминалот, изолацијата, сиромаштијата нема да има.

Црнилата завршија со заминување на ВМРО-ДПМНЕ во опозиција. Македонија денес е демократска, економски перспективна земја – држава пријател на демократскиот свет“, се вели во соопштението на СДСМ.

Извор: ТВ21

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
  • Ознаки
  • 1
spot_img

Најважното