СДСМ: Република Северна Македонија живее нова ера на слободно, демократско и напредно општество

„Кревањето на знамето на НАТО заедно со нашето ја одредува иднината на нашите поколенија. И тоа не само како симболика туку како реалност“, се вели во соопштението на СДСМ, и се додава:

„Новата страница на сигурна и стабилна иднина е завртена, ние сме НАТО, нацијата се гордее со историскиот успех.

Нашата татковина која наскоро ќе биде Република Северна Македонија живее нова ера на слободно, демократско и напредоно општество на рамноправни граѓани.

Само ВМРО-ДПМНЕ и антизападниот Мицкоски остануваат заглавени во антизападната матрица и не можат да се помират со остварувањето на стратешкиот интерес – членство во НАТО

Република Северна Македонија станува 30 земја членка на НАТО, ВМРО-ДПМНЕ останува изолирана во својата антизападна матрица на деструкција и блокади“, пишува во соопштението на владеачката партија.

Извор: ТВ21

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
  • Ознаки
  • 1
spot_img

Најважното