СДСМ: Сите пратеници можат да ни се приклучат на прогресивните сили

СДСМ преку соопштение денеска почочува дека преговорите за новата Влада ќе започнат по празникот Илинден.

Во текстот се опфатени и главните политики на коалицијата која на предвремените парламентарни избори на 15 јули освои најмногу пратеници.

„Одиме напред уште подобро, со конкретни решенија, мерки и политики кои ги следат  потребите на граѓаните, со ефикасни планови за справување со Ковид, за повисоки плати, за ред и стандарди во државата. СДСМ има решенија и има капацитет нив да ги реализира уште подобро и уште повеќе. Членството во НАТО е завршена работа, можеме и во ЕУ. Владата предводена од СДСМ ги започнува преговорите за полноправно членство во ЕУ и за четири години ќе отвориме 80 проценти од поглавјата“, истакнуваат од СДСМ.

Од таму додаваат дека сите пратеници во наредниот парламентарен состав ќе имаат можност да се приклучат на прогресивните сили предводени од СДСМ

„Сите пратеници во наредниот парламентарен состав ќе имаат можност да да се приклучат на прогресивните сили предводени од СДСМ кои обезбедуваат успех, напредок и развој, поддржани од мнозинството граѓани и меѓународната заедница“, порачуваат од СДСМ.

.

Извор: ТВ21