Македонија

СДСМ со реакција: Белиот дворец на ВМРО-ДПМНЕ е дефиниција за нелегален имот, се што имаат да го достават до ДКСК

Од СДСМ испратија реакција на прес конференцијата на пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Бране Петрушевски на која ја изнесе во јавноста аферата „Таен имот“.

Од СДСМ велат дека белиот дворец на ВМРО-ДПМНЕ е синоним за криминал и незаконски стекнат имот врз грбот на граѓаните.

„Со судска пресуда за Талир 2 е докажано Белиот дворец вреден околу 7 милиони евра е незаконски, криминално стекнат, врз грбот на граѓаните, односно со пари украдени од граѓаните. ВМРО-ДППМНЕ ги крадела граѓаните, трупала имот, луксуз и пари на незаконски, криминален начин, додека граѓаните тонеа во сиромаштија и долгови“, велат од партијата.

Од таму се додава дека милионски суми на пари биле злоупотребени.

„Деталниот урбанистички план три пати е менуван за ВМРО-ДПМНЕ да добие 12.000 квадратни метри за седиштето, а на местото на станбена зграда, да никне хотел. Криминалната шема за Белиот дворец е драстична, безобразна, епска. Кога зборува за имоти, ВМРО-ДПМНЕ прво нека си погледне во своите редови и својот дворец. Со кој пријавен имот и на каков начин Никола Груевски живее во Будимпешта? Доколку ВМРО-ДПМНЕ навистина поседува некакви информации за функционери кои не пријавиле имот и сториле некаков прекршок, тие треба да ги достават до надлежната институција а тоа е ДКСК, за понатамошно постапување“, додаваат од СДСМ.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни