Македонија

СДСМ: Срамно, ВМРО-ДПМНЕ почна да политизира и спортски настани

СДСМ: Срамно, ВМРО-ДПМНЕ почна да политизира и спортски настани

Од СДСМ денеска велат дека ВМРО-ДПМНЕ никако да се откаже од деструкциите и од неодговорното однесување.

„Колку оваа партија предводена од Христијан Мицкоски е заглавена во сопствената деструктивност, говори тоа што денеска ВМРО-ДПМНЕ без срам и перде се обиде да политизира врвен спортски настан како што е Охридскиот маратон и истиот да го злоупотреби во дневнопартиски цели.

Владата на Република Северна Македонија и Агенцијата за млади и спорт ја преземаа организацијата на Охридскиот пливачки маратон и тој оваа година ќе се одржи како што се одржува секоја година шест децении наназад.

Очигледно дека ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски изгубија секаков компас во нивното политичко дејствување откако им пропаднаа сите обиди за дестабилизација, сите крвави сценарија“, порачуваат од СДСМ.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ивана Петковска, Коалицијата „Сите за правично судење“ 17.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни