СДСМ вели дека има мнозинство, но со кого?! – Али Ахмети не отстапува од барањето за премиер Албанец

Коалицијата „Можеме“ предводена од СДСМ на Зоран Заев тврди дека го обезбедила потребното мнозинство за формирање влада.

„Тоа ќе се потврди следните денови кога ќе се добие мандатот од претседателот Стево Пендаровски и кога ќе дојде чинот на гласање во парламентот“, истакнаа од СДСМ.

Но, со кого обезбедила СДСМ мнозинство од 61 пратеник, со ДУИ или коалицијата АА-ААА?

Внатрешни извори на ТВ21 од СДСМ велат дека мнозинство имаат без ДУИ меѓутоа, како што објаснува истиот извор, Заев посакува цврсто мнозинство, имајќи ја внатре и ДУИ, но без условот за премиер Албанец!

Лидерот на Интегративците, Али Ахмети не отстапува од барањето за премиер, вели изворот. Доколку нема премиер Албанец и страните не попуштат, ДУИ оди во опозиција, се дознава дека кажале Интегративците. Сето ова се поврзува со вестите кои се проширија низ онлајн медиумите во кои пишуваше дека веќе е постигнат договор меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ за соработка во влада и дека Христијан Мицкоски го прифатил барањето на Ахмети за премиер Албанец, со ротација 2 со 2. Портпаролот на ДУИ Бујар Османи синоќа за ТВ21 рече дека немаат никаков договор со ниту една партија, а денеска повторно немаат ништо ново за коалициите, тврди тој. Не го искоментира ниту прашањето дали ДУИ е дел од мнозинството за кое зборува СДСМ.

„Нема ништо конкретно. И денеска се трудиме што поскоро да ги формираме институциите“, посочи Бујар Османи. 

Сепак, портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски, ниту ги потврдува, ниту негира информациите дека ВМРО-ДПМНЕ ги доближила ставовите со ДУИ за коалиција.

СДСМ има 46 пратеници, а заедно со 15-те на ДУИ и 1 на ДПА ќе успее да обезбеди мнозинство од 62 пратеника.

Доколку СДСМ влезе во коалиција со АА-ААА со 12 пратеници, плус едниот на ДПА, тогаш ќе се обезбеди бројка од 59 пратеници, недоволно за формирање на мнозинството. Ова, повторно отвора дилема – дали Заев успеал да убеди макар тројца пратеници, било од ВМРО-ДПМНЕ, или од ДУИ за да го дадат својот гласат за Владата „Заев 2“?
Во сценариото Владата да ја формираат ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ,  двете партии имаат вкупно 59 пратеници. Имајќи предвид дека недостигаат уште 2 до потребните 61, тогаш тука може да се смета на поддршката од двајцата пратеника на партијата „Левица“. 

.

Извор: ТВ21

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
  • Ознаки
  • 1
spot_img

Најважното