Македонија

СДСМ: Власта итно да ги прифати мерките за намалување на цените на горивата и храната!

СДСМ: Власта итно да ги прифати мерките за намалување на цените на горивата и храната!

Зголемување на цените на горивата и прехранбените производи, поскапување на потрошувачката кошничка за 2.500 денари, пад на индустријата од 9,4% раст на задолжувањата врз грбот на граѓаните, долгови на граѓаните и компаниите кај банките од 9,1 милијарди евра, ова е тешката реалност во која живеат граѓаните денес, велат од СДСМ во соопштение до јавноста.

„Доколку продолжи судирот на Блискиот Исток се предвидува зголемување на цената на нафтата и за 80%. Следува нов бран на сиромаштија, дополнителен удар врз семејните буџети и сериозен пад на животниот стандард.

Не може владата во вакви услови да не презема мерки а Мицкоски да се шета на прослави на ЕПП.  

Недозволиво е цените секојдневно да растат, а Владата да одбива да ги покачи платите и веќе две недели да не презема ништо за да ги заштити граѓаните.

СДСМ има готови и применливи законски решенија за намалување на цените на горивата и храната.

-Намалување на ДДВ за горивата од 18% на 5%

-Намалување на акцизата за 4 денари по литар

-Укинување на ДДВ за основните прехранбени производи

-Преполовување на цените на патарините

Владата мора итно да ги прифати овие мерки. Секое одложување значи нов удар врз граѓаните“, се вели во соопштението на СДСМ.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни