СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ нуди припојување со други држави

„Додека СДСМ и сите прогресивни партии работат на интеграција во ЕУ и НАТО, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ нудат припојување со други држави.

Додека државата се гради како едно општество на сите граѓани, ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски се уште ги плашат граѓаните со наводни федерализации, кантонизации и распад на државата.

ВМРО-ДПМНЕ продолжува да работи против граѓаните, поритв државата, против Македонската православна црква и против концептот едно општество за сите.

Ништо не е сменето во ВМРО-ДПМНЕ под водство на Христијан Мицкоски.

Високи функционери на партијата, членови на Извршниот комитет, меѓу нив и Иванка Василевска се уште го бранат и оправдуваат насилството од 27 април во Собранието кога беше извршен обид за убиство на пратеници и беше загрозен уставниот поредок.

Тоа е обновата на режимот, обновата на поделбите, изолацијата која ја нудат Мицкоски и ВМРО ДПМНЕ.“, се вели во соопштението на СДСМ.

Извор: ТВ21

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
  • Ознаки
  • 1
spot_img

Најважното