СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ освен што брани криминал и јавно кажува дека сака да биде контролор на обвинителството

„Игор Јанушев, Христијан Мицкоски и врвот на ВМРО-ДПМНЕ се послушници на почесниот претседател во бегство Никола Груевски. ВМРО-ДПМНЕ освен што брани криминал, веќе и јавно кажува дека сака да биде контролор на обвинителството. Со недели ВМРО-ДПМНЕ прави сериозен притисок врз судството и обвинителството. Им кажува што и како да прават, најавува контрола врз нив и најавува документи од истраги и ја загрозува постапката за „Рекет“. За ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски неселективната правда и еднаквоста пред законите се непознати поими, затоа свесно и намерно се обидуваат да попречат правдата за да ги заштитат огромниот број криминали направени за време на нивното владеење. За разлика од ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ стои на страната на правото, неселективноста пред законите и правичен судски систем. Додека ВМРО-ДПМНЕ се обидува да заштити и заташка криминали, СДСМ се бори правдата да победи и секој што направил прекршување на законите да одговора. Паниката на Мицкоски е разбирлива, бидејќи нема да ја оствари неговата единствена мисија и ќе го разочара неговиот шеф во Будимпешта, Мицкоски нема да ги заштити неговите криминали.Заврши времето кога истрагите, пресудите се нарачуваа од белиот дворец. Денес, Република Северна Македонија е правна држава и секој што ги прекршил законите ќе одговора“, реагираат од СДСМ.

Извор: ТВ21

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
  • Ознаки
  • 1
spot_img

Најважното