Од СДСМ денеска испратија реакција по повод прес конференцијата на Даниел Апостоловски од Град Скопје каде беше посочено дека се поднесени кривични пријави против Љубица Јанчева, поранешен Претседател на Советот на Град Скопје и Петре Шилегов, поранешен Градоначалник на Град Скопје.
„ВМРО-ДПМНЕ измислува непостоечки афери, поднесува пријави со една цел – да се обиде да го прикрие неработењето на градоначалничката Данела Арсовска. Три месеци од мандатот потроши Арсовска и не спроведе ниту еден еднинствен свој проект, освен што нивелираше некоја шахта и што ја партизираше градската администрација. Тоа го гледаат и граѓаните, тоа им е јасно на сите, затоа ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски ја правдаат Арсовска и преку конструкции и измислици се обидуваат да го прикријат нејзиното неработење и дејствување на штета на градот и граѓаните“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.