СДСМ: За разлика од лицемерното ВМРО-ДПМНЕ, оваа Влада го решава проблемот со загадувањето

СДСМ му одговори на ВМРО-ДПМНЕ по барањето за јавно решавање на загадувањето на воздухот. Од СДСМ велат дека не превземале ништо за решавање на проблемот повеќе од една деценија, туку напротив го уништувала зеленилото, а нивните криминални тендери придонеле со екстромно загадување на воздухот.

„За разлика од таквиот лицемерен однос на ВМРО-ДПМНЕ, Владата предводена од СДСМ, заедно со надлежните институции, Градот Скопје и општините започна системско решавање на долгогодишниот проблем со загадувањето што со години беше игнориран од ВМРО-ДПМНЕ.

Аерозагадувањето е и останува врвен стратешки приоритет за Владата предводена од СДСМ.

Со усвоениот План за чист воздух, 10 илјади домаќинства ќе бидат приклучени на парно греење, 20 илјади домаќинства ќе ги променат старите нееколошки печки на дрва, 15 илјади семејства имаат шанса да ја подобрат енергетската ефикасност на домовите, 3.000 семејства ќе добијат приклучок за гас. Истовремено, ќе се засили и инспекцискиот надзор и контрола, а ќе се субвенционира набавката на еколошки автомобили.

Град Скопје воведе и неколку  градски електрични автобуси и автобуси на гас,  а веќе е планирана и набавка на нови 40 еколошки градски автобуси во следната година, со што старите кои претставуваат големи загадувачи би се исфрлиле од употреба.

Ова се само дел од мерките кои се спроведуваат и ќе се спроведуваат со цел загадувањето двојно да се намали веќе во следната година.

Чистиот воздух и здравата животна средина остануваат врвен приоритет за СДСМ. Владата предводена од СДСМ продолжува преку краткорочно, среднорочни и долгорочни мерки да го реши долгогодишниот проблем со загадувањето на амбиенталниот воздух“, е реакцијата од СДСМ.

Извор: ТВ21

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
  • Ознаки
  • 1
spot_img

Најважното