Македонија

СДСМ: Зголемено и стабилно парламентарно мнозинство предводено од СДСМ ќе стави крај на блокадите на опозицијата

„Опозицијата во Собранието со месеци блокира и опструира важни закони од интерес на граѓаните.
Како последица на неодговорниот, нечесен и политикантски однос на пратениците од опозицијата во Собранието закочени се закони кои го подобруваат стандардот на граѓаните во државата“, реагираат утринава од владејачката СДСМ со писмен став испратен до медиумите.

Оттаму додаваат дека зголемено и стабилно парламентарно мнозинство предводено од СДСМ, како што велат, ќе стави крај на блокадите и ќе ги донесе законите заглавени во собраниските процедури.

„Тука спаѓаат измените со кои недела станува неработен ден за 92 отсто од сите вработени, како и законските измени со кои минималната плата ќе се зголеми на 18.000 денари.
Ќе се отстранат и блокадите на законските измени со кои 4.700 наставници и стручни соработници во основното и средното образование ќе добијат решение за трајно вработување со што ќе стенат правна и економска сигурност“, додаваат во соопштението на партијата.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни