Се бараат повеќе средства за Универзална сала – Арсовска вели изведувачот направил непредвидени трошоци
Владата треба да обезбеди дополнителни средства за реконструкцијата на Универзална сала бидејќи изведувачот направил непредвидени трошоци.
Ова го посочи градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, која додаде дека градот не се јавува како инвеститор, туку тоа е Владата и таа треба да ги обезбеди средствата.
„Лицето кое што го изведува самиот проект вели дека има непредвидени трошоци таму, а вие колку што самите знаете градот тука не се јавува како инвеститор односно средствата кои што таму се одредени, односно кои што се трошат за делот на инвестиција на Универзалната сала се средства кои што се однапред со извесна сума одредени од страна на Владата. Градот Скопје нема никаква вина во тоа што се случило ниту има било каков удел во делот на трошоците кои што ги изгенерирал на лице место изведувачот“, вели Данела Арсовска.
Имате вест, приказна или проблем?
Пишете ни