Балкан

Се евакуираат затвореници – голем пожар избувна во затворот, а го зафати и судот во Сараево (ВИДЕО)

Се евакуираат затвореници – голем пожар избувна во затворот, а го зафати и судот во Сараево (ВИДЕО)

Во центарот на Сараево попладнево настана пожар во зградата на Централниот затвор, а пожарот ги зафати Општинскиот и Кантоналниот суд.

Како што е потврдено за порталот „Аваза“, раководството на Казнено-поправниот дом Сараево ги евакуирало сите останати затвореници на долните катови поради ширење на чад и за да не ги повреди затворениците.

Потсетуваме дека на местото на настанот се испратени неколку возила на Професионалната противпожарна бригада на кантонот Сараево.

Како што неофицијално дознава Дневни аваз , пожарот избувнал откако на покривот се запалил дел од оџакот.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни